NAJNOVI NASLOVI:

Христијан со еден настап на фестивал
Понеделник, 18 Септември 2017 17:46   

Досега има настапено на еден фестивал. Христијан Стојоски на охридски фестивал ја освоил наградата за најдобар дебитант.


Младиот Христијан Стојоски досега има учествувано на еден фестивал и тоа во родниот Охрид. Тој истакна дека настапот поминал добро и дека на фестивалот ја добил  наградата за најдобар дебинат, која доста му значи.

( Имам настапено на еден Охридски фестивал, добро поминав и ја зедов дебитантската награда. Добро беше. )

Кога станува збор за фестивалите во Македонија, Христијан вели дека истите го немаат сјајот кој владееше пред повеќе години и се надева дека моменталната ситуација со фестивалите ќе се промени, па ќе биде подобро во иднина.

( Па со оглед на тоа какви беа, како што гледав од изминатите години пред да почнам да се занимавам со музика, беше подобро, а сега некако се изменаа работите и некако не оди. )

Иако е релативно млад, Христијан доста напорно работи на снимање нов материјал. Тој досега има снимено 4 песни, а во моментов подготвува уште една композиција.