NAJNOVI NASLOVI:


(ВИДЕО) Инцидент во банка во Куманово – Интервенираше Брза Помош
Среда, 15 Март 2017 16:16   

На интернет-порталот „Специјал“ осамна видео од експозитура на една кумановска банка на кое се гледа како обезбедувањето се обидува да извлече еден граѓанин надвор.


Според пишувањата на порталот, настанот се случил во понеделникот попладне.



Неговата сопруга видно потресена се обидувала да му помогне, а поради стресот на крајот се онесвестила по што интервенирала и екипа на итната помош.Не е познато што ѝ претходело на

ваквата драма, но од тоа што го пишува порталот, чекајќи ред за да ја прими социјалната помош, граѓанинот загубил трпение и почнал да прави проблеми, обезбедувањето се обидело да

интервенира бидејќи револтираниот граѓанин не сакал да ја напушти експозитурата.