NAJNOVI NASLOVI:

Понеделник, 20 Март 2017 19:50   

Српските разузнавачки служби ја следат работата на новата и во јавноста речиси непозната терористичка организација формирана во Косово, а наречена „Око на народот“, која ја превзема

одговорноста за обидот за убиство на приштинскиот адвокат Азем Власи, пишува српски „Блиц“ и додава дека цел на оваа група би можел да биде секој политичар, судија, или било кој друг човек

кој не се согласува со идејата за голема Албанија.


Формирањето на нова терористичка група, со максималистички барања и закани кон сите неистомисленици во борбата за голема Албанија, предизвикува и опасност за Македонија, каде под

закрила на ОНА, оваа нова терористичка група би можела да се обиде да предизвика одредени безбедносни проблеми.


„Блиц“ ја пренесува и изјавата на генералот Момир Стојановиќ, бивш претседател на Одборот за безбедност во Собранието на Србија, кој вели дека таа група, иако млада, е под закрила на

некогашните припадници на ОВК.


– Досиеата на поедини членови постојат во српските разузнавачки служби. Нивното присуство на Косово не помина незабележано и секако нивното делување се смета за сериозно – стои во

изјавата на соговорникот на „Блиц“.


Методот на работа потестеува на основањето на ОВК, која свирепо се пресметуваше со Србите на Косо, но и со Албанците кои не сакаа да се приклучат во нивните терористички акции.


Централата на оваа терористичка организација се наоѓа во Швајцарија, а целите им се независност на Косово, протерување на неалбанското население и формирање на голема Албанија, преку

немилосрден судир со сите неистомисленици.