NAJNOVI NASLOVI:


Македонците во Берлин најавуваат мирен протест за унитарна Македонија
Понеделник, 13 Март 2017 15:56   

Македонската заедница во Берлин најавува дека на 18 март ќе организира мирен протест пред „Бранденбуршката порта“ во Берлин, јавува дописникот на МИА од Берлин.


Според организаторите, мирниот протест е уредно најавен кај германските власти и добиена е дозвола за негово одржување.  Учесниците на протестот по собирот кој ќе се одржи идната сабота со

почеток во 14 часот во Берлин, ќе испратат  декларација за унитарна Македонија до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, Советот на Европа, Европската Унија, Организацијата за

безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), НАТО, Владата на Сојузна Република Германија и до политичките чинители во Република Македонија.  Организаторите на собирот наречен „Македонците

за унитарна Македонија“ кои се членови на неколку невладини, црковни и политички организации, ги повикуваат сите Македонци и македонски граѓани што живеат во Берлин и Германија да

учествуваат на протестот.