NAJNOVI NASLOVI:

ОРИЕНТАЛ БЕНД СО НОВ ПРОЕКТ!
Среда, 27 Декември 2017 14:51   

Некаде после новогодишните празници конечно излегуваат и две авторски песни на бендот, кој од неодамна има и нов член, гитаристот Ристе, а  и за овие песни се планирани и видео записи.



-          Целиот проект е снимен во живо. Нашата желба, во живо да отпееме и отсвириме неколку убави песни, на театарска сцена со светла, вроди со плод и нескромно ќе кажеме дека испадна одличен производ. Нашето го остваривме. Работевме со многу голема желба и љубов, а сега останува публиката да го препознае тоа, велат Ориенталци, дадовајќи дека видеата ќе се објавуваат на нивниот канал на „you tube“.
Бендот, празнично, ги изненади почитувачите на убавата песна, промовирајќи проект кој содржи преработки на македонски евергрини и неколку познати странски хитови.



После скоро две години апстиненција од медиумите,  „Ориентал бенд“ се враќаат со нешто ново и навистина оригинално.