NAJNOVI NASLOVI:

БРАЌА НУНЕ ГО ПРОМОВИРАА ПРВИОТ АЛБУМ
Вторник, 26 Декември 2017 13:07   

„Браќа Нуне“ – Филип и Раде Нуневски, минатата недела го промовираа своето првенче, албумот „По патот“.


Во хотелот „Queеn’s“, пред многу гости, соработници, новинари, пријатели, се одржа промоцијата каде Филип и Раде отсвиреа во живо и дел од музиката на албумот, а водители беа Лила Филиповска и Ване Маркоски.


Овој албум е прв солистички и авторски на Браќа Нуне. Во него се појавуваат и соработници и гости како Светолик Нуневски ,Милан Завков, Милан Кацарски, Николче Мицевски, Златко Миладиновски, Војче Петрушев, Никола Митровиќ,Али Латифов,

Далибор Ефтимовски, Дејвид Демир и Горан Гешовски воедно и продуцент на овој албум.


- На овој албум е работено повеќе од една година и се состои од 11 композиции. Очекуваме истиот да наиде на добар прием oд публиката, велат браќата.


На самата промоција, гостите имаа можност да го набават новиот албум, а со средствата собрани од истиот, Филип и Раде ги израдуваа дечињата од „СОС Детско село - Македонија“ со новогодишен подарок.


Потсетуваме дека, пред овој прв солистички албум, најзначајна за нив е и соработката во оркестарот на Есма Реџепова.


Албумот е веќе пуштен во продажба.