NAJNOVI NASLOVI:

Ташко Каранфиловски со нова песна и нов спот!
Недела, 24 Декември 2017 22:06   

-Тоа се мои нови песни морам да кажам во соработка со Славко Ристески, и се надевам дека денеска иако е ладничко ќе издржиме и ќе ги направиме видео записите да бидат онакви какви што треба да бидат за да им се допаднат на нашата публика.

 Морам да ја поздравам Марија Арсовска, а воедно и да упатам голема благодарност до доктор Миланчо кој ни одобри да пристапиме во неговата куќа да го реализираме спотот онака како што го имаме замислено.-вели пејачот.
Два видео записи сними Ташко Каранфиловски за неговите две песни “Не тагувај лично моме” и “Ќе се каеш верувај”. Снимањето кое е во соработка со ИН Продукција, се одвиваше на неколку локации во Ресен.
Ташко Каранфиловски сними два видео записи за две нови песни. Снимањето се одвиваше на повеќе локации во Ресен, а во соработка со ИН Продукција.