NAJNOVI NASLOVI:

Свечено и масовно одбележан патрониот празник на Охридското друштво
Среда, 12 Јули 2017 07:12   

Едно од најактивните роднокрајни друштва во Мелбурн, во државата Викторија, Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски Чудотворец“, многу свечено, масовно и достоинствено го одбележа денот на својот патрон, и познатиот духовен македонски празник.


Овој импозантен собир најпрво го поздрави потпретседателот Мишко Амрен, а потоа пригодно обраќање имаше претседателот на Охридското друштво Васко Ангеловски,  еден од најзаслужните,

заедно со своите колеги, за одржувањето на традициите, за патриотските пораки  и за разните други активности кои ги иницира и реализира друштвото високо позиционирајќи се во

мултикултурната мапа.
На традиционалната манифестација што се одржа во преполнетиот раскошен Емералд Ресепшн  во Томастаун, присуствуваа околу 500 гости, меѓу кои, амбасадорот на Република Македонија во

Австралија  Веле Трпески, генералниот конзул во Мелбурн , Бети Коруноска,претставници на властите од државата  Викторија и многу  Охриѓани и наши  сонародници од сите делови на

македонската земја, кои век векуваат на петтиот континент.

Важно е дека името ни е македонско, дека корените ни се македонски, и дека нас нѐ спојува нашата мајка Македонија, истакна меѓу другото претседателот Васко Ангеловски во своето пригодно

обраќање.
Меѓу другото, Ангеловски истакна дека гордоста е голема кога се оддржуваат традициите, обичаите и континуитетот  на вредностите. Кога се афирмира својот народ и вистина. Кога не се

забораваат корените и траат спомените.  И, кога се слават патроните, како нашиот Св. Наум Охридски Чудотворец. При тоа,  порачувајќи, дека ни е потребно семакедонско обединување и

сплотување, како и битка против негаторите на нашето име, јазик и идентитет. Битка која треба да ја водиме без пардон и без разлика каде сме и од каде сме.

Но, многу ефектен прилог, секако дека беа и спотовите и промотивните материјали прикажани за убавините на древниот Охрид од Целе Петрески. И на  покровителите Михајло Филев со

познатиот охридски бисер, кој како семејство имаат традиција цели 90 години,  Петар Џепаровски од агенцијата за недвижности „Реј Вајт“, како и ТВ ИН и др.


За убавото расположение на овој голем славенички собир сторија сѐ естрадните уметници кои гостуваа на покана од Управниот одбор, познатата група „Чардак“ од Охрид и фолк-ѕвездата Анета

Наковска. Тие ги кренаа на нозе присутните, и тоа беше незаборавна дружба на охридскиот бал.

Сѐ на сѐ, во Мелбурн Охридското социјално друштво навистина организира прекрасна вечер, која долго ќе се памети.


Инаку, кум за ова година беа фамилијата Стаменкови а  нов кум догодина на одбележувањето на патрониот празник и на духовниот празник Св. Наум Чудотворец, ќе биде Петар Џепаровски.

Текст: Лидија Ангеловска

Фото: Стевче Македонче