NAJNOVI NASLOVI:


Групата Пелагониски мерак сними три видео записи
Среда, 05 Јули 2017 17:31   

Песните “Печалбарска желба”, “Доста беше ергенување” и “Еј љубов проклета” од групата Пелагониски мерак си добија видео записи. Снимањето се одвиваше на повеќе локации во Прилеп, а видеата ги изработи ИН Продукција.

Групата Пелагониски мерак сними три нови видео записи. Свое видео си добија песните “Печалбарска желба”, “Доста беше ергенување” и “Еј љубов проклета”. Членовите на групата Пелагонски мерак се задоволни од тоа како помина снимањето, кое се одвиваше на повеќе локации во Прилеп, а во соработка со ИН Продукција.

Пелагониски мерак постои веќе 26 години на македонската естрада и важи за една од групите кои најмногу ја негуваат македонската песна. Во моментов групата е составена од млади и повозрасни членови. Тие велат дека сега се спој на младост и искуство, а постојат поради нивните обожаватели од Македонија и дијаспората, кои ги има во голем број.



Последно освежено ( Четврток, 06 Јули 2017 23:14 )