NAJNOVI NASLOVI:


Со два концертни настани ќе го промовира новиот албум
Среда, 05 Јули 2017 16:27   


Благоја Грујовски ова лето ќе го промовира својот нов албум под наслов “Моја река” со два концертни настани од кои едниот ќе биде во преубавиот амбиент на “Европа Гарден” во непосредна





близина на Гостивар, а другиот во хотелот “Престол” во Охрид.


На првата концертна промоција која ќе се одржи на 27 јули во Гостивар, специјален гостин ќе биде фокерката Сузана Гавазова, како и Стојне Николова заедно со Јане Рафајловски и група “Хармонија”.


Вториот концертен настан ќе биде на 1 август во Охрид, каде Благоја ќе го придружуваат групата “Ројал” заедно со неговите гости Анастаија Петреска и Дамјан Стојаноски.


Секој посетител на концертните настани ќе добие по 2 ЦД-а во издание на “Мистер Компани”, од кои едното ќе биде новиот албум а другото постаро ЦД на Благоја Грујовски.


Двата спектакуларни естрадни настани ќе бидат снимани и подоцна објавени од повеќе медиуми, меѓу кои и австралиската ИН тв.


Последно освежено ( Среда, 05 Јули 2017 18:44 )