NAJNOVI NASLOVI:


РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ КОЈ ОДБИ ДА СЛЕТА ВО БЕЛГРАД: Наместо тоа, слета во Охрид, клекна и ја бакна „Светата словенска земја!“
Среда, 15 Март 2017 16:02   

Кога своевремено Српската Православна Црква го поканила Рускиот Патријарх Алексеј Први, тој одбил да слета во Белград, слетал во Охрид.


Инаку во православната јавност во Русија, Охрид се доживува во вистинското светло. Како свето место, од каде што потекнува нивниот јазик, религија и култура.


На 25 мај 1962 година прво што сторил по слетувањето на аеродромот во Охрид, Рускиот Патријарх Алексеј Први клекнал, ја бакнал земјата и рекол “Дојдов во вториот словенски Ерусалим!“

Потоа, на света архиерејска литургија во македонската црква “Света Богородица Каменско“ во Охрид, заедно чиноначалствувале тројцата поглавари: Рускиот Патријарх Алексеј Први, Српскиот

Патријарх Герман и Македонскиот Архиепископ Доситеј.